„Демофест“ од Бања Лука потсетува дека конкурсот за сите регионални демо бендови, кои сакаат да се натпреваруваат на фестивалот, е отворен уште само три дена – поточно, се затвора на 1 април на полноќ!
„Демофест“ во оваа прилика уште еднаш да ги повика сите демо групи од екс-Ју да ги достават своите апликации на време и да се стекнат со право за учесто на фестивалот во Бања Лука, каде што со поддршка на Бања Лука пиварница и УНЕСКО ќе се одржи Демофест по 11 пат.
„Демофест“ им нуди единствена можност на демо бендови за настап на првокласен систем за озвучување и осветлување, пред околу 10.000 луѓе, како и награди за оние кои жирито ќе ги прогласи за најдобри.
1 награда – снимање на албум во вредност од 3.500 евра
2. НАГРАДА – бинска опрема во вредност од 2.000 евра
3. НАГРАДА – бинска опрема во вредност од 1.000 евра
4-та награда – наградата “Плави Бас” за најдобар басист
Исто така, на бендовите им се платени трошоците за сместување и имаат свои домаќини.
Сите детали во врска со натпреварот може да се најдат на официјалната веб-страница на Демофест на http://demofest.org/konkurs/, како и Фејсбук страницата на фестивалот.
Резултатите од овогодинешниот Демофест натпревар ќе се објават во јуни, кога ќе бидат откриени и имињата на жирито.