Претседателот Стево Пендаровски ја информира јавноста дека ја продолжува вонредната состоја за уште 14 дена, а не за 30 дена како што му било предложено од Комисијата за заразни болести. Со тоа, и во наредните 14 дена ќе имаме полициски час и затворени граници.
„Голем дел од мерките кои се превземаат со движењето на луѓето или затворањето на градинките и училиштата не се вонредни мерки, бидејќи и за време на вонредна ситуација училиштата работат. Нова вонредна состоја ни е потребна за заокружување на економските мерки и за одговор на здравствените прашања“ – изјави претседателот Пендаровски.
Тој ја повика владата за олеснување на мерките во однос на движење на граѓаните и стопанството.
Н.Д.
