Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ во вторникот ја зголеми својата проценка на приходите од продажбата на вакцината против Ковид 19 оваа година на 37 милијарди долари благодарение на договорите за продажба за трета доза и вакцинациитена поширока демографија. Кон крајот на јули, компанијата процени приходи од продажба на вакцини на 33,5 милијарди долари.

„Фајзер“ сега очекува да испорача 2,3 милијарди дози од вакцината оваа година, 200 милиони повеќе отколку што очекуваа во јули, според договорите потпишани до средината на тој месец. Тие потврдија дека планираат да произведат три милијарди дози оваа година.

Разликата во производството и испораката ќе биде забележана во приходите следната година, забележуваат тие, проценувајќи го директниот приход од продажбата на вакцини во 2022 година на 29 милијарди долари, според договорите потпишани до средината на октомври. Тие додаваат дека ќе продолжат со преговорите со владите за потенцијални дополнителни нарачки следната година.

Се проценува дека „Фајзер“ во 2022 година ќе произведе четири милијарди дози вакцини и ќе испорача 1,7 милијарди од нив, според договорите потпишани до средината на минатиот месец. Вкупниот приход оваа година се проценува на 81 до 82 милијарди долари. Во јули, тие го проценија на 78 до 80 милијарди долари.

Приходите од директната продажба на вакцината се очекува да достигнат 29 милијарди долари следната година, според договорите потпишани до средината на минатиот месец, а компанијата забележува дека ги продолжува преговорите со владите за потенцијални дополнителни нарачки во 2022 година.

Во периодот од јули до септември, благодарение на вакцината, компанијата повеќе од двојно ги зголемила приходите во однос на истиот период минатата година, пред регистрацијата на вакцината, на 24,1 милијарди долари. Приходите од вакцината против Ковид 19 беа 13 милијарди долари помеѓу јули и септември.

Нето добивката скокна на 8,1 милијарди долари во летниот квартал, од 1,46 милијарди долари во истиот период минатата година. Со исклучок на еднократните ставки, прилагодениот профит е повеќе од двојно зголемен, на 7,68 милијарди долари. Трошоците за истражување и развој се зголемија за 50 отсто, на 3,44 милијарди долари, како дел од соработката со биофармацевтската компанија Арвинас за лек за рак на дојка. А.Н.