дома Насловна „Фајненшл тајмс“: ЕУ прима шест држави од Западен Балкан

„Фајненшл тајмс“: ЕУ прима шест држави од Западен Балкан

38

Поради преголемото руско влијание во регионот ЕУ би можела земјите од Западен Балкан да ги прими и пред планираното.

Планот на ЕУ е во своето членство да прими шест држави: Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ и Косово, пишува „Фајненшл тајмс“. Според весникот, главната причина за ваквиот потег во Брисел е тоа што Балканот служи како главен „терен“ преку кој илјадници мигранти стигнуваат во ЕУ, пренесе „ Б92“.

Меѓутоа, тоа не е сè. „Фајненшл тајмс“ наведува дека стратезите на ЕУ стравуваат дека Русија опасно ја шири својата зона на влијание, токму на територијата каде што традиционално веќе има свои сојузници. Забележано е, наведува весникот, дека Москва почна цинично да ги коментира ветувањата што ЕУ им ги дава на земјите од Западен Балкан во врска со членството, наметнувајќи се себеси како „алтернатива“.

„Значаен број граѓани во регионот веруваат дека нивната земја никогаш нема да пристапи во ЕУ“, изјави Флоријан Бибер, експерт за Југоисточна Европа при Универзитетот Грац.

Новиот план на Брисел ќе биде претставен пред Европската комисија токму на 6 февруари, кога ЕУ треба, според претходно најави, да го претстави својот план за Западен Балкан. Се очекува дека новиот план ќе биде усвоен, наведува „Фајненшал тајмс“.

Рокот за „големо проширување на ЕУ“ е датум кој веќе се спомнува во српската јавност како рамка до која Србија треба да биде примена во ЕУ, а тоа е 2025. Многумина сметаат дека тоа е премногу амбициозно, но ЕУ дипломати тврдат дека тоа е потребно, за да се „зацврсти врската помеѓу Брисел и државите настанати по распадот на СФРЈ“.

Еден дипломат на ЕУ кој се залага за проширување на Унијата вели за весникот дека „оваа шесторка не е надвор од ЕУ, туку дека се веќе внатре и дека се потребни за Брисел“. Исто така, според неговите зборови 2025 година е рамка која е подложна на промени.

Сепак, „Фајненшл тајмс“ истакнува дека, споменатата шесторка сепак ќе мора пред конечниот прием во ЕУ, дефинитивно да ги реши сите отворени прашања кои постојат со години, како и проблемите со корупцијата. Во тој смисол, како што се истакнува, најблиску до постигнувањето на целта 2025 година, се Србија и Црна Гора.

Весникот уште потсетува и дека Бугарија, која моментално претседава со Унијата, но и Австрија која ќе ја наследи, во свои приоритети го одредија токму проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.