„Фејтлес диџеј сет“со Систер Блис се втори хедлајнери во првиот викенд на „Скопје колинг“, во недела на 3 јуни, соопшти „Авалон продукција“. Алан Вокер е ултимативниот хедлајнер во првиот викенд на фестивалот „Скопје колинг“, на 2 јуни.

Во изминативе две години, кога „Фејтлес“ мируваа со настапите во живо, нивниот препознатлив звук низ светот низ многуте светски музички фестивали го шири Систер Блис токму со овој проект.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн, по цена од 600 денари (партер).

Истиот ден ќе бидат пуштени и блок влезници за Алан Вокер и Систер Блис по цена од 1.300 денари.