дома Политика Свет Филипини: Лизгање на земиште затрупа куќи, четири лица загинаа

Филипини: Лизгање на земиште затрупа куќи, четири лица загинаа

21

Најмалку четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во лизгање на земјиште што однесе околу 30 куќи во централните делови на Филипините, а се стравува дека десетици луѓе се затрупани, објавија денес официјални лица.

Лизгањето на земјиште кое го покренаа обилните дождови, ги затрупа куќите во две села. Седум лица се повредени. АП известува дека две лица, се затрупани под рушевините на куќите, успеале да испратат текстуални пораки барајќи помош.

Локалните власти изјавија дека починале три постари жени и едно дете. Од погодената област, 300 лица се евакуирани, а операцијата за спасување е во тек. Ројтерс објави дека се стравува дека се затрупани меѓу 50 и 80 луѓе.

Во текот на викендот, имало обилни врнежи по тајфунот Мангкут, кои покренаа повеќе од 100 лизгања на земјиштето. Според последните податоци, 88 лица загинаа во невремето, а повеќето од нив настрадаа во лизгање на земјиштето.