дома Живот Здравје Филипче: Хоспитализацијата трае подолго, и повеќе од заболените бараат болничка нега, претходно...

Филипче: Хоспитализацијата трае подолго, и повеќе од заболените бараат болничка нега, претходно беа хоспитализирани 7%, сега со овој сој се хоспитализирани 11-12 отсто од заболените

138

На денешната прес конференција министерот Филипче информираше за состојбата во болниците и причините за воведување на новите мерки. Тој објасни дека  формата на болеста е различна од онаа од ноември, и сега има повеќе хоспитализирани случаи, а исто така и вирусот има некоја форма која, како што вели, досега не е видена, како и тоа дека лекувањето трае подолго од претходно.

„Имаме клиничка слика на болеста која е различна од претходната. Хоспитализацијата трае подолго, за разлика од претходно кога после 14 дена веќе немаше опасност за пренос, односно се водеа како излекувани, сега имаме влошување во 12, 13, 14 ден од лекувањето, на форма која навистина ретко се гледа, влошување на белите дробови, на крвта, и за жал завршува лошо. Претходно беа хоспитализирани 7%, сега со овој сој се хоспитализирани 11-12 отсто од заболените“, рече Филипче.

Во однос на почетокот на вакцината тој рече дека денеска фрекфенцијата на вакцинирање е 300 граѓани на час, а само две лица имале реакција, но и дека 20 отсто  од граѓаните што имале закажан термин не се појавиле за вакцинирање.

„Досега кај нас се вакцинира 10.000 граѓани, а девојката која имаше реакција од вакцината примена во Србија се чувствува добро и денес ќе биде пуштена дома“, рече Филипче.

Министерот исто така соопшти дека 8 доктори од 2 приватни болници ќе се вклучат во јавното здравство на испомош на колегите кои се оптоварени.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски истакна дека  пет градови се критични поради инфраструктурата, како и поради здравствениот кадар и дека мерките се неопходни поради тоа што епидемиолошки систуацијата е несигурна.

„Со мерките очекуваме да ги растеретиме здравствените работници, да овозможиме здравстените власти да обезбедат нови капацитети, како и да можеме да обезбедиме поголем број на вакцини“, потенцира Караџовски.

Премиерот Заев на новинарско прашање зошто не се вакцинира прв за да даде пример и да ги осигура граѓаните дека вакцината е безбедна, рече:

„Сакаме да го испочитуваме редот и оние кои се најекспонирани да се вакцинираат први. Ќе се вакцинирам кога ќе ми дојде редот и ги повикувам сите да се пријават и да се вакцинираат.“

Н.Д.