Финска веќе шеста година по ред е прогласена за најсреќна земја во светот според „World Happiness Report“. Станува збор за истражување кое се спроведува во повеќе од 150 земји во светот, а резултатите се објавуваат секоја година во чест на Меѓународниот ден на среќата 20 март.
Оваа листа е направена врз основа на шест фактори кои ги испитува: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, дарежливост и отсуство на корупција. Резултатите, како што наведува „Форбс“, се слични на оние од претходните четири години, бидејќи скандинавските земји се на врвот на листата, па Норвешка е на второ место, а Исланд е на трето место.
Финска е јасен победник, а клучни фактори се системот за грижа за невработеноста, бесплатното здравствено осигурување, како и доброто урбанистичко планирање. Во првите 10 земји се и Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.
Кога станува збор за земјите од регионот, Романија е 24-та на оваа листа, Србија е на 45-то место, Хрватска 48, Унгарија 51, Црна Гора 67, Босна и Херцеговина 71, Бугарија 77, Албанија 83, а Северна Македонија е последна на 87-то место.
