epa08821608 British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas celebrates after winning the race and the 7th Formula One Championship at the 2020 Formula One Grand of Turkey at the Intercity Istanbul Park circuit, Istanbul, Turkey, 15 November 2020. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU / POOL

Британецот Луис Хамилтон, кој е дел од Ф1 тимот „Мерцедес“, ја освои Големата награда на Турција во неделата, потврдувајќи го освојувањето на светската титула во Формула 1. Така, Хамилтон се изедначи со Германецот Михаел Шумахер, кој исто така беше седумкратен светски шампион во Формула 1.

Пред оваа титула, Британецот ја освојуваше светската титула во 2008, 2014, 2015, 2017, 2018 и 2019 година, објави Хина.

Британецот во Турција стартуваше од шестата позиција, но со доброто возење во возбудлива трка на лизгава и влажна патека успеа да го надомести заостанувањето. Втор беше Мексиканецот Серхио Перез од тимот „Рејсинг Поинт“, а трет беше Германецот Себастијан Фетел од  „Ферари“ тимот.

Ова е десетта победа на Хамилтон сезонава и 94-та во неговата кариера.

Остануваат уште три трки до крајот на сезоната. А.Р.