Седумте пациенти кои се хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија се стабилни и се чувствуваат добро, пружена им е целата нега, терапија и дадена им е психолошка поддршка, соопшти министерот за здравство Венко Филипче откако бил информиран од директорот на софиската болница д-р Иван Поромански.

„Стабилна е состојбата и на двајцата пациенти кои беа оперирани. Кај еден пациент беше извршен хируршки зафат на ногата, а на пациентка и беше извршен помал зафат, ѝ беше оперирано коленото“, бил информиран министерот Филипче.

Како што е посочено од министерството за здравство, сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

Седумте хоспитализирани пациенти се единствените преживеани во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бигарија во која животот го загубија 45 патници. А. Н.