Додека одредена храна која содржи кофеин или шеќер може да го стимулира нервниот систем и со тоа да го отежне заспивањето, други намирници имаат спротивен ефект и го поттикнуваат сонот. Кофеинот, алкохолот, шеќерот и тешката храна никогаш не треба да се зема пред спиење. Поради погрешниот избор, хемикалиите во организмот можат да го нарушат нивото на шеќер во крвта и да доведат до често будење во текот на ноќта, пишува „Новости“.

Минерали

Добар избор е калиумот, моќен минерал кој ќе го смири нервниот систем. Магнезиумот е исто така неизбежен. Бадемите, на пример, богати со протеини и магнезиум, се одлични за релаксирање на болни мускули. Тие содржат здрави масти и растителни влакна и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, што ќе ве спречи да јадете доцна во ноќта. Доволна е една рака бадеми на ден, односно 30 грама. Тие содржат големи количини на витамин Б, кој помага да се претвори триптофанот во серотонин.

Јаглехидрати

Вклучувањето на јаглехидрати во исхраната помага да се подигне нивото на триптофан, есенцијална аминокиселина во крвта, што телото ја претвора во серотонин. Диетата што вклучува елиминирање на јаглехидратите може да го наруши хемискиот баланс на организмот, па наместо целосно да ги елиминирате, изберете вид јаглени хидрати како што се грашок или леќа.

Антиоксиданси

Многу растенија имаат својство на антиоксиданси, а универзален растителен антиоксиданс е камилицата. Ова растение не содржи кофеин и е полно со кризин, кој има антиоксидативно дејство и докажано седативно дејство. Често се користи како лек за несоница и други нарушувања на спиењето. Ако сте под стрес и не можете да се опуштите, испијте топол чај од камилица. А.Р.