Вистински хит во Хрватска предизвика веста дека можете да купите имот во живописниот Леград за само една куна. Според хрватското радио и телевизија, побарувања доаѓаат од целата земја, како и од некои соседни земји.

Наведено е дека ова е една од мерките преземени од страна на општинските власти за задржување и привлекување на млади семејства во нивната област. Услов е  купувачите да се под 40-годишна возраст и да останат во Леград во следните 15 години. За возврат, општината го субвенционира купувањето домови во нејзината област до максимум 35,000 куни или им дава 25.000 куни за реновирање на постојните постојни.

Покрај општинскиот имот, има и  градежни места за 1 куна што можат да се купат во Леград. Градоначалникот на Леград со право потенцира дека општината има најниска стапка на невработеност во округот и таму практично нема невработено лице.

А.Н.