Фото: Mikhail Nilov, pexels free photos

Од полицијата во Хрватска за медиумите потврдија дека се води истрага против лице кое е осомничено за кривично дело обид за блуд, а според порталот „24 сата“ се работи за наставник во училиште во Задар. Осомничениот е изведен пред истражен судија кој поради опасност од повторување на делото и можност за влијание врз сведоци му одреди едномесечен притвор.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела од областа на злоупотреба и експлоатација на деца, од страна на Службениците на Службата за криминалистичка полиција Задар во содејство со службениците на полициската управа Шибеник-Книн е извршена кривична истрага на 50-годишен хрватски државјанин. По спроведената кривична истрага, против осомничениот е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство, а пријавениот е предаден на притворското одделение на СВР Задар, соопшти задарската полиција.

По кривичната истрага против осомничениот е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство, а осомничениот е предаден во притвор. Осомничениот е изведен пред истражен судија, кој поради опасност од повторување на делото и можност за влијание врз сведоци му изрече мерка притвор од еден месец – додаваат од полицијата.