По повод празникот, за Осмомартовски џентлмен слободно може да го прогласиме неуморниот уметник – хуманист Живко Поповски Цветин, кој денеска со низа активности им го разубави денот на жената. 
Осмомартовски цветни податоци, како и поема за неа напишана од поетот Филип Димкоски, ставена во цветна рамка, уметникот и подари на најпознатата музичка дива и актерка Добрила Ивановска – Чабриќ, но, и на повеќе новинарки од Радио Канал 77 во Скопје и во Штип. 
Исто вакви цртежи подари и на здравствените работници кои се грижат за здравјето на скопјани, во оваа прилика на д-р Сандра Стојановска, матичен лекар и д-р Даниела Буревска- Најковска, стоматолог, додека на
Даниела Спасовска, главна медицинска сестра во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и 45 мироносни цвеќиња, за неа, а и како
празнични подароци за Мајките и нивните рожби. 
-Мироносните цвеќиња да им носат радост, здравје и љубов на родителите и најмилите, а децата да бидат здрави, среќни и долговечни, да живеат во мир и со љубов, порача уметникот. 
Освен тоа, неговата мироносна штафета утрово во 9. 00 часот пристигна меѓу учениците од ОУ ,,Крсте Петков Мисирков,” во село Бистрица, Битолско. Наставничките и децата добија по една слика со цветни мотиви за Празникот на жената, во име на Цветин пренесени од координаторот и организатор на настанот, копаничарот Васко Поповски Пикуло.
Штафетата беше примена и во во ОУ” Елпида Караманди” и градинката ” Мајски цвет” во Битола, а утре продолжува во Скопје. В.Ѓ.