дома Живот Социјална политика ЦСУ Куманово го имплементираше проектот „Огревни дрва за хуманитарни цели“

ЦСУ Куманово го имплементираше проектот „Огревни дрва за хуманитарни цели“

51

„Центар за солидарност и унапредување“ – ЦСУ со седиште во Куманово во февруари го имплементираше традиционалниот проект „Огревни дрва за хуманитарни цели“. Проектот се имплементираше во општина Куманово, Липково и во делови од Скопје. Социјално загрозените семејства селектирани од Комисија на ЦСУ имаа можност да земаат по 5м огревни дрва.

ЦСУ изрази благодарност до сите донатори на овој проект кои што се иселеници од Македонија, Прешевската Долина и Косово. За успешноста на акцијата ЦСУ упати благодарност и до активистите кои на терен помогнаа во идентификацијата на најранливите социјални семејства.