дома Наше Бебе Чепкањето нос и јадење мрсули не е штетно за децата

Чепкањето нос и јадење мрсули не е штетно за децата

Некои истражувања наведуваат дека е многу можно јадењето мрсули, не само што не е штетно за организмот, туку има и позитивни ефекти

570

„Копањето“ во носот, дефинитивно не е нов феномен. Во 1970 година, во Египет беше откриен запис на кој се разговарало за платата на личниот „копач“ на носот на Тутанкамон.

На овој чин, се разбира, се гледа со одвратност во модерното време. Сепак, дали е можно јадењето мрсули да има смисла?

Што вели науката?
Чепкањето на носот само по себе, за деца и возрасни, обично е само форма на чистење на носот, или гребење поради чешање. Додека не ги научат „правилата за социјално однесување“, децата го прават тоа јавно, за разлика од повеќето возрасни. Но, некои деца, па дури и возрасни, откако ќе ја отстранат содржината од носот, истата ја ставаат во уста.

Без разлика дали тоа е само љубопитност кај децата или е некаков вроден начин на однесување, не може да се каже со сигурност.

За жал, нема посериозни, поголеми студии на оваа тема, бидејќи повеќето луѓе не сакаат да учествуваат во истражување затоа што би морале да ги јадат мрсулите. Но, некои теории и истражувања наведуваат дека е многу можно јадењето мрсули, не само што не е штетно за организмот, туку да има и позитивни ефекти.

За што служа мрсулите?
Носот и синусите произведуваат околу еден литар мрсули, или слуз, во период од ​​24 часа. Во случај на кивање и многу повеќе. И, таа слуз игра многу важна улога во нашето тело. На прво место, слузта ја одржува влажната мукозна мембрана на носните шуплини и го загрева воздухот што го дишеме. Уште поважна улога е што сите супстанции што се наоѓаат во воздухот а што ги вдишуваме преку носот, се задржуваат до лепливата слуз.

На овој начин, белите дробови се заштитени од прашина, микроорганизми, полен и разни други честички што ги дишеме секој момент. Тогаш сите тие ситни влакна во носот ги „туркаат“ тие честички – преку носот или во грлото. Кога ќе се собере целата таа нечистотија измешана со лепливата слуз – добиваме мрсули.

Мрсулите потенцијално го стимулира имунитетот
Значи, мрсулите се полни со бактерии. И, тоа е токму основата на теоријата дека јадејќи мрсули го стимулираме нашиот имунолошки систем, односно децата го „градат“ имунитетот изложувајќи се на овие бактерии заробени во мрсулите.

Во медицината, постои таканаречена хигиенска хипотеза, која вели дека децата треба да бидат изложени на микроорганизми до одреден степен од раното детство, со цел да се развие нивниот имунитет и да се спречи развојот на алергии во подоцнежниот период.

Она што е сигурно е дека сигурно не е штетно за организмот. Овие се претежно многу мали количини на микроорганизми и нечистотија кои не можат да предизвикаат болест. Секако, дел од таа слуз завршува во стомакот течејќи од носот во грлото, а потоа во стомакот. Јадењето е само втор пат на влез. Но, децата не треба да се охрабруваат да го прават тоа, не само поради „добро однесување“, туку и затоа што постои ризик од повреди на носот и крварење.                Ал.Н.