Се урна авион со бразилски фудбалери, нема преживеани Фото: Youtube/CNN Brazil/Screenshot

Четворица фудбалери на „Палмас“, бразилскиот четвртфиналист, загинаа денес во авионска несреќа, како и претседателот на клубот, Лукас Меира и пилотот, пренесуваат бразилските медиуми.

Несреќата се случи кога авионот со фудбалерите, кои требаше да играат натпревар во понеделник, се сруши на крајот од пистата по полетувањето во Лузимангуес од засега непознати причини, пренесе „Вечерњи лист“.

За жал, сè уште се свежи раните од трагичната авионска несреќа со фудбалерите на Чапекоенсе, исто така бразилски клуб. На летот од ноември 2016 година имало 77 патници, од кои дури 71 загинале, а трагедијата ја преживеале само тројца фудбалери.

Фудбалскиот клуб „Палмас“ издаде и соопштение во кое се потврдува дека авионот се срушил во близина на пистата „Токатинас“.

“Жалиме што мора да известиме дека нема преживеани. Чувствуваме голема болка и се молиме за членовите на семејствата на загинатите”, соопшти бразилскиот клуб. А.Р.