Четирите водителки и родовата застапеност

Единственото ТВ шоу во светот кое е европско ама и Австралиско. Исто како и песните и изборот на истите – од кујната на вонземјаните.

40

Пишува: Филип Спировски

Шареноокиот Украинец ја отвори оваа шарада на EBU (европската бродкастинг унија), која патем ги „пенали“ сите своеволни испади на земјите членки. Како отворање на шоуто – ништо спектакуларно. Но, следната , Шпанија веќе наговести можно уживање од многу аспекти кои, се надевам , ќе ги почуствувате во овој текст на сосема обичен евровизијамрзец. Амаја и Алфред изгледаа како да ги облекува лично Карден. Љубовната балада дуото ја изведе коректно. Затоа пак, Словенија се надмина со модерниот аранжман и изведбата на петте технословенци предводени од одличната Леа Сирк. За одбележување е виртуелно вклопениот словенечки јазик кој не е пречка за меѓународно прифаќање. Напротив, се истакнува. Тоа им успеа само на уште едни кои подоцна ќе ги споменам. Литванија помина како што почна, седејќи. Вокалот кој 2008 настапил како придружен на детскиот Евросонг, амбициозно, но слабо поткрепено ги истрча своите евровизиски минути. Додуша маж и ја гушна на крај на песната. После петтата песна на Цезар за Австрија визуелните ефекти се покажаа до кај стасале во ТВ шоута. И покрај најк аутфитот и спортскиот изглед вокалната интерпретација сосема просечна, очекувана, евровизиска. Естонија пак се претстави со магистерот по соло пеење, а според мене доктор и тоа да потпишам со две раце. А кога фустанот се претопи со подиумот, се сетив на нашите настапувачи и нивните напори во минатото да направат трик со фустаните. Норвешка го употреби поранешниот победник Александар Рибак кој се покажа како одличен музички перформер. Видеоефектите, диско ритмот и виолинските упади го направија неговиот настап достоен за четврта победа на Норвешка.

Домаќинот Португалија го подготви ова Евровизиско шоу вистински, врвен, достоен за поклон настан. Затоа настапот на Клаудија Паскал ќе го одбележам само како осми. Со задоволство ќе ги споменам двете диви на португалското фадо кои го отворија ова евровизиско шоу: Ана Моура и Мариза. Обединетото Кралство попознато кај нас како Англија може да се гордее со досегашните 5 победи и со овој настап на Сури која изгледаше тип топ, а настапи со песна која можам да речам е меѓу моите 5 фаворити. Етно влезот на Србија и јужносрбијанскиот јазик во стилот на „Луис“ помешан со Техно бапчорски настап е проверено потврден како недоволен за победа, но за локални рамки сосема во ред. Дваесетиосумгодишниот Михаил Шулте од Германија пренесе модерна, певлива тема додуша на англиски испејана и посветена на татка му. Албанија е втората, (покрај Словенија) која успеја да го продаде албанскиот јазик како певлив и одлично интерпретиран од Еуген Бушпепа. Мој фаворит за првите 5. Франција ја запаметив по аутфитот на дуото Мадам Месје – во црно облечени со воксмакс црвени старки. Може да претпоставите каква е песната, а на крај убаво се гушнаа. Чешка успеа  тоа што беше предизвик во шеесетите да се направи на сцена, Миколаш Јозеф да го пренесе на сцена со рап влезовите, диско ритамот и брејк денс моментите успеја да ја придобие публиката во салата. Данска го одбрани нордискиот епски дух преку изведувачот Расмунсен неговата чекорница и развиорените знамиња. Ми текна на Руслана за момент. Австралија се претстави со весела, певлива, јавачко ритмичка мелодија. Седумнаесеттата Финска ја качи Сара на вртелешка, а од таму ја симнаа старворс војници. По леснотијата и певливоста ќе остане како една од илјадаишестоте песни од Евровизија.

Ако некој знае етното да го долови на модерен, современ начин тоа е секако Бугарија која минатата година беше втора. Нивниот претставник Еуринокс оваа година изведе нумера која се двои од останатите и е забележителна, различна, посебна. Не е за потесен избор на ова шоу, ама за регионот е музички патоказ. Молдавија ја претставија Доредос со хумористично сценска изведба и трубачки рефрени. Имаа одлични, лакирани црни чевли. Шведска во минатото освоила 6 победи, а оваа година Бенџамин Ингросо, роден 97 година на сцената изгледаше како да е изведба на спот, а не настап во живо. Сценска десетка, а мелодија како за на Евровизија. Унгарскиот психоделичен рок прилагоден за оваа пригода пренесен од AWS, повеќе е за целовечерен концерт. Израелската претставничка Нета, не внимавала на исхраната, ама на сцената преку диџеј сетот успеа да ја пренесе темата, а пораката од Нета се однесува за правата на жената. Холандија донесе американско кантри влијание во рок изведбата на Вејлон. Певлив препознатлив хит. Ирска и Рајан потврди дека Евровизија постои за мелодии како оваа, певлива и „женска’. Кипар и Елени беше мелодија и настап по мој вкус. Како од Фешен тв да влегла на ова шоу, а четирите нејзини студиски албуми вреди да се преслушаат. За крај како во секое финале ако е Италија навистина е возбудливо.  Мојот последен фаворит и песна која вреди да се слуша.