Издавачот “Шарла” го претставува првиот албум на македонски јазик на младата независна кантавторка Димитра – „Мак мрак LP“. Димитра е присутна на македонската алтернативна сцена од 2018 година, кога го издаде „Живот во живо EP“, со кој ги освои симпатиите на домашната музичка јавност, а доби и одлични рецензии во регионалните медиуми и музички портали. Оттогаш, за Шарла излезе и „Празни муабети ЕР“, како и меѓународно успешниот албум „Come to the Danger Club LP“.

И на овој материјал, Димитра го има зборот како свое главно оружје, храбро мерејќи ја дистанцата од конфузната македонска и глобална реалност. Заводливите мелодии и моќната ритам секција повторно се цврста подлога на која Димитра ги положува своите рефлексии на млад човек во немирно време и околности на почетокот на векот. Авторски силен материјал, но и музика полна со сензитивност и глас кој нуди надеж во подобри времиња.

Димитра е комплетен автор на сите 8 композиции во вкупно времетраење од 29 минути. Албумот Димтра – Мак мрак LP [Sharla LP/DR059] може да се преслуша и на одредено време слободно симне тука. В.Ѓ.