Шаќир Фетаху е избрана за нов поглавар на Исламската верска заедница на денешната седница на Ријасетот на ИВЗ.

Изборот се вршеше меѓу двајцата кандидати кои поднеле пријава: едниот досегашниот вршител на должност Поглавар, Шаќир Фетаху, гостиварски муфтија, а другиот беше проф Д-р. Ќани Несими, тетовскиот Муфтија.

Фетаху беше вршител на должност поглавар на ИВЗ измиантите седум месеци откако претходниот поглавар Сулејман Реџепи беше разрешен.

Поглаварот на ИВЗ се избира со гласовите на сите муфтии во земјата и раководителите и директорите на верските институции, кои се вкупно дваесет. А.Р.