Првиот позитивен случај од Тетово, кој бил пациент во Заводот за рехабилитација во Козле од 9 до 23 март, е еден од 24 нови случаи регистрирани во изминатите 24 часа во земјата, па сега на тестирање се подложени и сите 14 вработени од Заводот, како и 4 пациенти, иако немаат симптоми, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој го соопшти билансот на новодијагностицирани со кроонавирусот за изминатите 24 часа и тоа по градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица, а од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати. Во добра состојба се и сите заболени во Штип,  а во Трансфузиологија Охрид сите кои беа пациенти и вработени се со препорака за самоизолација а ќе бидат тестирани после изминување на периодот на инкубација од 14 дена.

-Пациентот од Тетово додека бил на рехабилитација во само еден момент имал посета, по испуштањето заради фебрилност преку ЦЈЗ во Тетово бил испитан и по позитивен тест пратен на Инфективна клиника во Скопје. Имало многу мал број пациенти во тој момент на рехабилитација – 44, како и 14 здравствени работници, па сите се испитуваат иако нема ниту еден со симптоми.  По добивање на резултати ќе се направи стратегија за фунционирање на институцијата. И 10тина членови на семејството се анкетирани со препорака за домашна самоизолација, појасни Филипче.

Тој додаде дека лицето е неподвижно, но имало посета, па се испитува начинот на кој е пренесена инфекцијата, со оглед дека досега во земјава нема случај на автохтоно заболување, туку сите заболени имале некакви контакти со носител на вирусот.

Министерот информираше и за средбата со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, до која упати благодарност за осовременување на лабораторијата на Институтот за јавно здравје, главна референтна лабораторија за тестирање на коронавирусот, и додаде дека од денес во следниве 4 дена, 20 доктори и 20 медицински сестри со Браун универзитетот од САД  ќе бидат обучени да ги тренираат вработените за работа со заболени од коронавирус.

-Добивме одгoвор и од норвешката влада за донацијaта на респираторните системи. Во текот на нередната недела треба да пристигнат 500, 000 маски и 20, 000 тестови, додаде тој.

Комбинацијата на лекови која е една од индицирани дека дава резултати веќе почна да се дава на клиниката за инфективни болести.

-Ние сме една од десетте земји кои се вклучени во мултицентрична студија на СЗО, а од тоа најголема предност ќе имаат нашите пациенти, ова е непознат вирус, нова состојба и за епидемиолозите и виролозите, појасни Филипче.

Од следната недела ќе започне мобилно тестирање, во подрачја и градови во кои сметаме дека е потребно а Куманово е еден од првите градови во кои таа ќе се спроведува, Во наредните ден-два ќе се тестираат граќанитек ои се затекнаа во околината на Дебар и ќе бидат пуштени во градовите каде што живеат, додаде Филипче.

Има многу претпоставки колку ре раширен вирусот, но во сите е заедничка мерката да се прекинат социјалните контакти без разлика на другите работи во однос на целокупниот пристап, со што се зарамнува кривата, се намалува бројот на инфицирани.  Вонредната  состојба во Скопје со мерките се сосем доволен начин да се намали движењето и ќе даде резултати, со оглед сите анализи на експертите, а во согласност со сите препораки и мерки, вели Филипче. А.Р.