дома Економија Џек Ма: Започнува 20-годишна трговска војна на Кина и САД

Џек Ма: Започнува 20-годишна трговска војна на Кина и САД

15

Џек Ма, коосновач на кинескиот технолошки гигант Алибаба, денеска изјави дека светот треба да биде подготвен за 20 години трговска војна на Кина и САД.

“Економската ситуација не е добра, и може да потрае долго”, изјави Ма на Светскиот економски форум во Тијанџин.

Тој предупреди дека трговската војна на двете најголеми економии во светот може да трае со децении и дека Кина треба да се фокусира на извоз по новиот „пат на свилата“ кој оди до Африка, Југоисточна Азија и Европа.

– “Алибаба” повеќе не може да го исполни своето ветување за вработување на милиони луѓе во САД поради тековните трговски тензии – рече Ма за агенцијата Ксинхуа.

САД усвоија нов царински пакет од 200 милијарди долари за кинески стоки, а Пекинг реагираше со царинење на американските стоки во вредност од 60 милијарди американски долари.