Џенифер Анистон Фото Axelle/Bauer-Griffin/FilmMagic

Познатата американска актерка Џенифер Анистон (52), препознатлива по улогата на Рејчел Грин во популарната американска комедија „Пријатели“, ги воодушеви своите долгогодишни пријатели и колеги со веста дека ќе стане мајка.

Оваа вест е една од ударните вести во светските медиуми. Така, бројни светски медиуми изјавија дека Џенифер по два разводи решила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес на посвојување трае веќе една година.

Џенифер Анистон, инаку, го финансира ова сиропиталиште повеќе години. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.

„Судот знае дека актерката не сака да направи од ова голем настан во медиумите и сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели добрата вест со своите колеги и пријатели“, заклучува извор кој го пренесуваат сите светски медиуми.

Анистон веста им ја соопштила на колегите и пријателите од серијата „Пријатели“, на снимањето на продолжението на оваа популарна серија, кое започна овој месец, на радост на милиони фанови ширум светот. А.Н.