Американскиот Сенат ја потврди Џина Хаспел за нов шеф на Централната разузнавачка служба (ЦИА), и покрај нејзината контроверзна улога во програмата на судењето на затворениците по нападите на 11 септември 2001 година на САД. Поранешниот шеф на ЦИА, Мајк Помпео, е назначен за државен секретар, потсетува „Би-Би-Си“.

Потврдата на Џина Хаспел следеше по судирот меѓу сенаторите во врска со техниките на тортура на затворениците на ЦИА по нападите на 11 септември, вклучувајќи симулација на давење. Хаспел управуваше со тајниот затвор на ЦИА во Тајланд, во кој осомничени терористи беа подложувани на тортура, пишува „Би-Би-Си“.

Сенаторот републиканец Џон Мекејн, кој беше мачен за време на петгодишното заробеништво во затвор во Виетнам, претходно се спротивстави на назначувањето на Хаспел, предложена од претседателот Доналд Трамп.