Абдулкадир Исаки, директор на Управата за сигурност во железничкиот систем, орган во состав на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, деновиве престојува во работна посета на Франција. Имено, на 20 ноември во Валансиен оствари средба со стратези за Железничкиот систем  во Франција.

– Разговаравме околу состојбата на сигурноста на железничкиот систем, и се договоривме на креирање на стратегија за зајакнување на внатрешните капацитети на Управата за сигурност во железничкиот систем. Но, исто така се информирав за ИПА фондовите и ИПА можностите што ЕУ ги нуди, ни изјави младиот директор и интелектуалец Исаки.

Тој се сретна со Ришард Локнет – управител на секторот за стратегија во  Research and International Standards Unit, Петер Мим – управител на секторот за техничка соработка, и со Жени Чанева- проект асистент во секторот за безбедност.