„Авалон Продукција“ најави старт на летната концертна сезона во август, по одлуката и дозволата за организирање на јавни настани во земјава.

-Успеавме да се договориме со Министерството за здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак по протоколи (заштитни маски и скратени капацитети) за безбедно одржување! Авалон се враќа со одлична концертна понуда за август и септември – open air – се вели во изјавата од продукцијата.

Како што најавија оттаму, сите детали за концертните настани ќе бидат познати следната недела. А.Р.