Фото:РАС Србија

Авион со првите дози на вакцината Фајзер штотуку слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Контингентот вклучува 4800 вакцини.

Само колку за потсетување, Агенцијата за лекови и медиуми на Србија пред четири дена даде согласност за увоз на вакцината Фајзер.
Пред три дена, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави доаѓање на овие вакцини, додавајќи дека „брзо можеме да очекуваме масовна вакцинација“.
– Секако, вакцините ќе бидат бесплатни, на кој ден ќе ги добиеме првите, тие нема да пристигнат колку што очекувавме, потребни беа 10.000, но ќе пристигнат околу 5.000. Прво ќе ги имунизираме граѓаните постари од 75 години. Планиране е да обезбедиме 50.000 вакцини бесплатно – рече тој тогаш.

Регулаторите на Европската унија вчера ја одобрија вакцината против коронавирус направена од компаниите Бајонтек и Фајзер, а на крајот на истиот ден, Европската комисија издаде одобрение за ставање во промет на вакцината, со што стана прва вакцина против Ковид-19 одобрена во ЕУ.

Н.Д.