Еден неодамнешен извештај за висината на пензиите во земјите на ОБСЕ покажа дека 12,6 проценти од луѓето на возраст над 65 години живеат во релативна сиромаштија од приходот што го добиваат. Висината на нивните пензии е под половина од националниот просечен приход на домаќинство. Постарите жени се изложени на поголем ризик од сиромаштија од мажите, се мисли на  лицата на 75 години и тие  почесто запаѓаат во сиромаштија во однос на пензионерите на возраст од 66-75 години.

Според бројките во извештајот, стапката на сиромаштија кај лицата над 65 години е алармантно висока во Јужна Кореја, 50 проценти. Во Австралија и Соединетите држави, сиромаштијата во приходите меѓу пензионерите е исто така висока, која изнесува 35,5, односно и 21,5 проценти. За разлика од нив, Холандија и Франција имаат многу пониски стапки на сиромаштија кај пензионерите. Во извештајот се наведува пензискиот систем кој не е целосно созреан како една од причините за високата стапка на сиромаштија кај постарите јужнокорејци.