Автомобил испишан со графити влета утрото на 25 ноември, во капијата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

На автомобилот со бела боја од едната страна е испишано: „Вие сте проклети убијци на деца и стари лица“, а од другата – „Стоп за политиката на глобализација“.

„Дојче веле“ пренесува дека никој не бил повреден во инцидентот, а возачот на автомобилот бил приведен.

Медиумите објаснуваат дека денес на дневен ред е видео-конференцијата на Меркел со шефовите на сојузните влади за прашањето за продолжување на карантинот, а исто така треба да се дискутира и за понатамошните мерки за борба против ширењето на корона вирусот. А.Р.