Foto: Reebok via BestImage - Bestimage - Profimedia

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ денес објави продажба на американскиот огранок „Рибок“, чија судбина се доведува во прашање со месеци.

Според „Адидас“, групацијата „одлучила да покрене формална постапка за продажба на „Рибок“, кој го купи во 2006 година за 3,1 милијарди евра.

Групата наведува дека во иднина „ќе се фокусира на зајакнување на брендот Адидас како лидер на светскиот спортски пазар“, се вели во соопштението, во кое не се наведени потенцијалните купувачи на „Рибок“. А.Н.