Вадата најави дека од 1 јули се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид. Аеродромите со посебен протокол ќе примаат и испраќаат патници, но нема да има испраќања во аеродросмаката зграда, ниту пак влез за оние кои немаат билет. Патниците кои што ќе летаат од македонските аеродроми ќе треба да пристигнат најмалку три часа пред нивниот лет, а заштитна маска и дезинфекција пред влезот ќе биде задолжително. Според протоколот на патниците ќе им се мери температура. Од ТАВ велат дека распоредот на летање ќе се објавува на веб страниците на двата аеродроми, бидејќи авиокомпаниите се уште енмаат најавено лет од македонските аеродроми. Визер најави дека ќе лета од 13 јули, додека Аустриан и Туркиш се уште немаат најавено од кога започнуваат да летаат.

Сите патници кои што ќе слетаа на еден од македонските аеродроми ќе влезат во државата без ПСР тест и без обврска за само изолација, освен доколку на аеродром немаат покачена телесна температура.

Оваа вест најмногу ја очекуваа македонските граѓани кои живеат надвор од земјата и летото им е единствена можност дел од одморот да го поминат дома. Но, она што останува да виси како прашање е дали и под кои услови ќе можат да се вратат дома. Дел од нашите читатели кои  живеат во Германија тврдат дека според сегашните мерки во Германија без проблем ќе можат да се вратат оние кои се резиденти, но не и оние кои имаат виза на одредено време. Швајцарија најави дека нема да прима граѓани од Балканските држави се додека бројот на заразени расте, а дека оние кои  имаат дозвола за работа ќе мора да поминат изолција од еден месец. Поостри мерки имаат скандинавските држави, кои велат дека секој што ќе ја напушти државата нема да може да се врати дома во наредните еден до три месеци…

За Северна Македонија се повеќе се стеснува и просторот каде може безусловно да патува, и сега за сега тоа е Србија, Албанија и Косово, останатите земји од регионото имаат рестриктивни мерки за влез на македонски државјани.

Н.Доковска