Минатата година за време на периодот на карантин беше отсвирен соло албумот “Инсанус” на Кире Мирчовски. Свирката беше на отворено на покрив, на Теферич, со прекрасен поглед кон градот. Над студиото Bluetown, каде што поголем дел од времето  авторот го поминувал во проби со бенд и креирање нова музика, а кога беше емитувана предизвика многу позитивни реакции кај љубителите на тој тип на музика.
Тоа се случи бидејќи короната ја одложи големата промоција,  која требаше да биде минатата пролет.  Една година по објавување на албумот, повторно во едни полукарантински услови младиот автор и гитарист е актуелен со својот албум кај својата публика и го доставува до дома на оние кои му го нарачува.
-Албумот “Инсанус” има посебно место во моето срце, бидејќи се претставувам себе си пред публиката како автор. Презадоволен сум и од екипата која работеше со мене од почетокот па се до крајот. Мала екипа, но златна. Екипа која цел живот ќе ја паметам бидејќи е дел од приказната која ме направи повеќе зрел музичар, вели Кире и додава :
-Пандемијата си го направи своето, ме спречи доследно да направам промоција, да се собереме. Албумот “Инсанус” е излезен и во физичка копија. Може да се набави лично преку мене или во Old school rock bar во Скопје, додека маиците со лого на “Инсанус” може само преку мене,ни го објаснува начинот на дистрибуција кој изминатиов период функционираше само со лична достава.
Но, има уште нешто :
– Во план ми е и спот за песната “Turvyness”. Нешто кое што подолго време го одложувам но се надевам овој пат ќе се случи за брзо, ни најави вредниот и посветен  гитарист.
– Сега се уште кризата трае и сме многу ограничени во работата, решив  по сите протоколи, безбедно, да го отсвириме во живо материјалот и го објавиме, да е достапен за сите. Од дома на раат да го преслушаат.  Потоа секако ќе биде објавен и  за симнување на сите платформи, и на фб страницата Project Insanus, вели Мирчовски.
Тој додава :
-Мислам дека во оваа постава како трио го изнесовме добро материјалот и ќе им се допадне на публиката. Голема почит до Џо и Стеф. Момци на кои им се допадна материјалот и идејата да и после ова продолжиме како трио- бенд… Така што, од “Инсанус” се роди и бендот за кој допрва ќе се слуша.
Во овој состав се Кире Мирчовски – гитара, Стефан Митев – бас гитара и
Александар Џо Господов- тапани. В.Ѓ.