Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги поздрави тројцата американски затвореници од Северна Кореја на аеродромот во Вашингтон откако беа ослободени од Ким Јонг Ун пред историскиот состанок со Трамп.
Трамп и неговата сопруга Меланија ги поздравија Американците кои слетаа утрово во 3:00 часот по локално време.
Притворените Американци ги донесе министерот за надворешни работи Мајк Помпео, кој два пати престојуваше во Пјонгјанг во рок од неколку недели.
Помпео беше во Понгјанг за да ги организира деталите од состанокот Трамп-Ким што ќе се одржи во наредните недели, како и за ослободувањето на Американците.