Одложување на плаќањето на ратите за кредити на граѓаните и фирмите ќе има, Народна банка ја смени регулаативата, а уредбата со законска сила се очекува утре да помине на владина седница, соопшти на денешната прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, појаснувајќи дека тоа би значело замрзнување на ратите за следните три месеци.

-Граѓаните и компаниите ќе добијат понуда или известување од банките за одложување на обврските, по што ќе треба да се изјаснат дали се согласуваат со поповолните услови или не. Доколку не се изјаснат за 10 дена ќе се смета дека  ја прифаќаат поповолната понуда за одложување на ратите за кредитор. По усвојување на Уредбата, се надевам утре ќе го објасниме целиот процес. Наше е да ја креираме можноста без да одат граѓаните во банки да добијат одлаложување на обврските и тоа ќе биде направено – рече Ангеловска.

Како што рече министерката Ангеловска некои банки можеби ќе понудат повеќе од три месеци, бидејќи, во разговорите со банките имало расположение и за одложување на плаќањата и за шест месеци. А.Р.