Специјално за text.mk од Торино, Валентина Ѓоргиевска Парго 

Големото евровизиски финале, утревечер ќе помине без учество нашата земја иИќ евровизиската претставничка Андреа Коевска, таа не успеа да се избори за влез во големото финале. Таа настапи под реден број 11. и ја испеа својата песна „Circles“ за време на втората полуфинална вечер на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија, кој се одржува во ПалаОлимпико во Торино.

Во двете полуфинални вечери беа избрани по десет финалисти, во првата влегоа претставниците на Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. А од втората- Финска, Србија, Азербејџан, Австралија, Естонија, Романија, Полска, Белгија, Шведска и Чешка.

На кое место беше на крај Андреа ќе биде ќе познато утревечер кога организаторот ЕБУ ќе ги соопшти конечните резултати. Во придружни вокали на сцена беа Ана Петановска и Рената Кралевска. Песната е на композиторот Александар Масевски. Изведбата на Андреа наиде на големи пофалби по социјалните мрежи. Во пресрет на нњјзиниптннастоаџа во контекст на текстот на рефренот, организаторот напиша дека нејзиниот вокал нема граници.

Од Балканските земји се пласира само спрата претставничка, Констракта, не влегоа претставниците на Албанија, Словенија, Бугарија, Хрватска во Црна Гора.

Евровизија станува се попопуларен фестивал кон кој сакаат да се приклучат и земји кои не се во Европа, а Австралија веќе настапува од 2015 година. По теркот на Евровизија, истата екипа минатата недела го организираше првото издание на Американ сонг контест.

Евровизија сега е Тв шоу кое привлекува речиси половина милијарди гледачи низ светот. Најважно е финалето кое го гледаат милионски гледачи на сите меридијани.

Во однос на грешката, кога Андреа ненамерно на Синиот килим на церемонијата на отворање на фестивалот, го фрли македонското знаменце за да се слика без него, и лавината коментари кои ги предизвика на социјалните мрежи и со гестот, а и откако два пати потоа се извина, организаторот МРТВ реши да ја разгледа опцијата дали и догодина да се учествува со преставник /претставничка или да се паузира.