Денеска е објавен редоследот на настапите во двете полуфинални вечери на Евровизија, на 10 и 12 мај, во кои вкупно 35 земји ќе се натпреваруваат на сцената на Торино, за пласман во финалето.

Андреа со песната “Circles” ќе пее 11-та во второто полуфинале на 12 мај. Во истата вечер се и Србија и Црна Гора.

66. Евросонг ќе се одржи на 10,12 и 14 мај во Торино, Италија. Големата петорка (Германија, Франција,  Шпанија, Англија и земјата домаќин, Италија) нема да настапат во полуфиналните вечери, директно одат во финале.

Во петок, 13 мај, претпладне, по второто полуфинале ќе се утврди редоследот на настапувачи за финалето. Италија по случаен избор е извлечена за настап од 9-та, на финалето,  на 14 мај.