Деновиве, на јутјуб каналот на бендот „АнтиарТ“ беше објавена втората песна, која ќе се најде на нивниот втор албум. Песната насловена “Вера” доби уникатен видео запис, исполнет со симболика.

“Вера” е композиција на басистот на бендот, Никола Бочваров, вокали и текст на Леана Таќи (Леа), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Дино Милосављевиќ (тапани).

Видеото го монтираа Никола Бочваров и Благоја Неделковски, а камерата е заслуга на Димо Попов и Самир Љума. За аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски. А.Н.