Странските таблоиди ја пренесуваат информацијата на магазинот „New Idea“ дека холивудската актерка Анџелина Џоли е забележана како се бакнува со 23 години постариот актер, Мики Рурк, објавувајќи фотографијаан која се гледа како Џоли и Рурк разменуваат нежности.

Но, набргу се појави информација во која се вели дека станува збор за стара фотографија, од  доделувањето на Оскарите во 2009 г. како и тоа дека на таа фото сесија може да се види и Бред Пит.

Но, приказната за да биде инетересна, а се уште нема докази дека е вистининита, наводно Џоли сака да му се одмазди на Бред Пит кој неодамна ја одведе, сега веќе поранешната девојка Никол Потуралски, во дворецот во Франција во кој со Анџелина го изговори судбоносното „да“.

Во таблоидот што ја пренесе информацијата за нивната наводна врска уште се вели  дека Анџелина сакала да започне врска со Мики Рурк само за да му се одмазди на Пит и дека не планира ништо сериозно со 23 години постариот актер.

„Иако Рурк не е нејзин тип на маж, смета дека тој е вистинската личност за нејзините одмазднички планови кон Пит“, рекол изворот и потсетил дека Бред и Мики се долгогодишни пријатели и дека оваа вест сигурно ќе го погоди холивудскиот заводник.

Но, колку може да му се верува на овој таблоид останува да почекаме да видиме дали ќе има нова, посвежа слика од Џоли и Рурк или и понатаму ќе гледаме слики од Мики со неговата пријателка Анастасија Макаренко, со која често може да се види.

Ал.Н.