Откако принцот Хари и Меган Маркл решија да ги напуштат кралските должности и да се преселат во Канада, а потоа во Лос Анџелес, нивните потези никого не оставаат рамнодушен.

Според пишувањето на странските медиуми, Меган сега сака да ја прошири својата кариера и да стане наратор во документарецот на Дизни „Слон“, заедно со актерката Анџелина Џоли, на која и се восхитува. Таа дури сака Џоли да биде нејзин ментор во актерството.Инаку и  Џоли глуми во филмот на Дизни.
– Меган има почит кон Анџелина, и лично и професионално. Таа и се восхитува како успеа да ја балансира својата работа во добротворни цели и успешната кариера, а притоа одгледува и шест деца – изјави извор близок до Маркл.

Сепак, и Џоли изјавува дека сака да го зацврсти пријателството со војвотката. Во надеж дека ќе се дружат во Лос Анџелес, Маркл неодамна одлучи дека ќе работи само со директорите на А-списоците за да се погрижи да и се даде улога по што критичарите ќе ја сфатат сериозно.

– Иако досега има добиено многу понуди, Меган смета дека повеќето од нив се „излитени“ и под нејзина чест – рече близок извор до принцезата.

Добрите познавачи на холивудските лавиринти тврдат дека Џоли и Маркл никогаш не биле поблиски и дека  коваат план како да го „нападнат“ Дизни и да обезбедат ангажман за Меган.

Ал.Н.