четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаАнџелина Џоли подготвува одмазда со цел да ја уништи Џенифер Анистон!

Анџелина Џоли подготвува одмазда со цел да ја уништи Џенифер Анистон!

Со недели се шпекулираше дека Џенифер и Бред повторно влегле во врска, а Анџелина сега решила да оди чекор подалеку и да ја тужи Џенифер.

Бидејќи наскоро се очекува да се одржи парница за старателството на Анџелина и на Бред на нивните шест деца, актерката сака да го искористи аргументот против актерот посочувајќи дека Бред ја запознала Џенифер со своите три деца, пренесуваат странските медиуми.

Причината за ова е нејзиното незадоволство од помирувањето на поранешните сопружници, што таа не може да го надмине.

– Анџа им кажува на луѓето дека Бред и Џен ќе платат за тоа и дека насилно ќе ја донесат актерка на суд на кој адвокатите ќе ја „разрешетаат“ со прашања – откри изворот и додаде:

– Тоа вкрстено испрашување ќе вклучува прашања во врска со односот на Бред со неговите деца, работите што тој ги кажа за Анџелина, за другите жени со кои се  гледал и неговата врска со Џенифер. Тие нема да можат да се извлечат – заклучува изворот.

Да потсетиме, Анџелина и Бред се запознаа во 2005 година на сетот на „г. и г-ѓа. Смит. Тие ја крунисаа љубовта со брак, а решија да се разведат пред три години.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ