Фото Profimedia

„АстраЗенека“ скрила  30 милиони дози вакцини во фабрика во Италија, пишува италијанска „Ла Стампа“. Огромна количина вакцини „АстраЗенека“ требаше да бидат извезени во Велика Британија, открија италијанските власти за време на истрагата започната од Европската комисија.

Во Италија, значи, постои вакцина за која се борат ЕУ и Велика Британија. Оваа количина е исклучително важна и за ЕУ ​​и за Велика Британија. Што се однесува до Европската унија, тоа е двојно повеќе од она што го доби цела ЕУ досега од „АстраЗенека“, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза на вакцини.

Се работи за вакцина произведена во холандска фабрика и завршена во Италија.

„АстраЗенека“ има договор и со ЕУ и со Велика Британија, па се поставува прашањето кому ќе му даде предност. Според „Ајриш тајмс“, имало многу телефонски повици меѓу Брисел и Лондон за судбината на тие дози.

„Очекувавме испораки во стотици милиони, а не добиваме ниту четвртина“, рече главниот преговарач на комисијата за вакцини, Сандра Галина.

“Разговаравме со земјите-членки и, се разбира, имаме намера да сториме нешто затоа што ова е навистина прашање што не може да се остави без надзор. Ќе ги искористиме сите алатки што ни се на располагање за да ги добиеме дозите”, рече таа.

Според сегашните регулативи за контрола на вакцините во Европската унија, италијанската влада и Европската комисија може да одбијат извозна дозвола за вакцини доколку компанијата има неисполнет договор со Европската унија, но се предлага да ги испрати на список на одредени земји, вклучувајќи ја и Велика Британија.

Рим претходно одби да издаде дозвола за испраќање на 250.000 дози „АстраЗенека“ што требаше да бидат испратени во Австралија, прва и досега единствена одлука на Европската унија за одбивање на извозот.

На почетокот на февруари беа извезени 41 милион дози вакцини од Европската унија во Велика Британија.

Британскиот премиер Борис Џонсон лобираше во Париз и Берлин за дози на „АстраЗенека“, и тој постигна компромис со тоа што се согласи да ги дели со Европската унија. А.Р.