Најмалку 774.832 луѓе починале од коронавирус во светот до денес, повеќе од 21.936.820 се заразени, додека најмалку 13.623.700 се опоравиле од оваа болест, според најновите податоци кои ги собра агенцијата „Франс прес“.

Бројот на заразени лица не ја претставува вистинската слика за пандемијата, бидејќи некои земји ги тестираат само сериозно болните, некои користат тестирање за да го следат вирусот, додека голем број на сиромашни земји имаат ограничен капацитет за тестирање.

Во понеделникот, ширум светот се регистрирани 4.233 нови жртви и 220.645 новозаразени. Земјите со најголема смртност се Индија со 876 жртви, Бразил со 684 и САД со 434 жртви.

САД се најпогодени од пандемијата на корона вирусот со 170.497 жртви и 5.438.325 заразени, според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“. Најмалку 1.865.580 луѓе се опоравиле од оваа болест.

По САД следат Бразил со 108.536 жртви и 3.359.570 заразени, Мексико со 57.023 жртви и 525.733 заразени, Индија со 51.797 жртви и 2.702.742 заразени и Велика Британија со 41.369 жртви и 319.179 заразени.

Меѓу сериозно погодените земји е и Белгија, која има најголем број смртни случаи во однос на бројот на жители, 86 жртви на 100.000 жители, а потоа следат Перу (80), Шпанија (61), Велика Британија (61) и Италија (59).

Кина, со исклучок на територијата на Хонг Конг и Макао, има 84.871 заразени лица, вклучувајќи и 22 новозаразени, 4.634 жртви и 79.642 опоравени.

Латинска Америка и Карибите имаат 243.470 жртви и 6.225.679 заразени, Европа има 210.978 жртви и 3.562.495 заразени, САД и Канада 179.562 жртви и 5.560.567 заразени, Азија има 81.738 жртви и 4.080.157 заразени, на Блискиот исток има 32.723 жртви и 1.352.244 заразени, Африка има 25.890 жртви и заразени 1.129.613, а Океанија 471 жртва и 26.072 заразени.

„Франс прес“ ги доби овие податоци од националните здравствени служби и Светската здравствена организација. Агенцијата забележува дека дневните податоци може да не одговараат на податоците објавени претходниот ден затоа што надлежните органи прават корекции на податоците или доцнат со нивното објавување. А.Н.