Најмалку 1.168.750 луѓе починале од коронавирус во светот до денес, повеќе од 44.056.470 се разболеле, додека најмалку 29.694.100 се опоравиле од оваа болест, покажуваат најновите податоци собрани од агенцијата Франс прес.

Бројот на заболени не ја претставува вистинската слика за пандемијата бидејќи некои земји тестираат само потешко заразени, некои користат тестирање за да го следат вирусот, додека голем број сиромашни земји имаат ограничен капацитет за тестирање.

Во вторникот, регистрирани се 7.723 жртви ширум светот, а 516.898 биле ново заразени. Земји со најголема смртност се САД со 928 жртви, Мексико со 643 и Бразил со 549 жртви.

САД се најпогодени од пандемијата на корона вирусот со 226.723 жртви и 8.779.794 заразени, според Универзитетот Џон Хопкинс. Најмалку 3.487.666 луѓе се опоравиле од болеста.

После САД, потежоината на последиците од пандемијата следат Бразил со 157.946 смртни случаи и 5.439.641 заболен, Индија со 120.010 смртни случаи и 7.990.322 заразени, Мексико со 89.814 смртни случаи и 901.268 заразени и Велика Британија со 45.365 жртви и 917.575 заразени.

Меѓу земјите кои се тешко погодени се Перу, каде има најмногу смртни случаи во однос на бројот на жители, 104 на 100.000 жители, по што следат Белгија (95), Шпанија (75), Боливија (74).

Кина, без територијата на Хонг Конг и Макао, има 85.868 заразени лица, вклучувајќи 42 новоинфицирани, 4.634 жртви и 80.936 закрепнати.

Латинска Америка и Карибите имаат 395.320 смртни случаи и 11.059.786 заразени, Европа има 268.359 смртни случаи и 9.423.884 заразени, САД и Канада 236.719 смртни случаи и 9.001.798 заразени, Азија има 167.825 смртни случаи и 10.321.120 заразени, а има 57.553 жртви на Блискиот исток и 2.475.896 заразени, Африка има 41.956 смртни случаи и 1.739 674 заразени, и Океанија 1.018 смртни случаи и 34.314 случаи.

Франс прес ги доби овие податоци од националните здравствени услуги и Светската здравствена организација. Агенцијата забележува дека дневните податоци можеби не одговараат на објавените податоци претходниот ден, бидејќи властите прават корекции на податоците или доцнат со нивното објавување. А.Р.