Бајага и Инструктори ќе одржат концерт на еден од апсолутно најубавите простори во нашата држава- Антички театар Охрид, на 30.07.2021, во 21:00 часот, најави организаторот „Авалон продукција“.

-После којзнае колку време една од сигурно не само најголемите, туку и најактуелни регионални ѕвезди Момчило Бајагиќ – Бајага со својот бенд се враќа во Охрид за илинденските празници, да ни го сервира својот безвременски каталог на раритетно убави песни. Дали можете да замислите како во античкиот театар во Охрид ќе звучат „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Кад ходаш“, „Од када тебе волим“, „Плави сафир“, па се до последните хитови од последниот албум кој излезе лани, со наслов „Овај свет се мења“?! – вели организаторот во најавата за овој концерт.

ВАЖНО: Влезниците во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба од четврток (01-ви јули)  во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, по цена од: ПАРТЕР седење- 1000 денари, ФАН ПИТ пред бина на стоење- 1500 денари (ексклузивни 200 влезници).