фото: Shutterstock

Како што времето станува постудено, така многу мајки, особено млади со помалку искуство, сакаат да бидат сигурни дека нивното бебе е на топло и во текот на ноќта. Затоа тие често се прашуваат дали им е дозволено да го стават креветчето близу до радијаторот со што ќе го задржат бебето топло и во текот на ноќта. Сепак, таквата одлука не е безбедна и може да биде опасна.

Креветчето мора да биде поставено на безбедно место
Ставањето на креветчето до радијатор не е безбедно од 3 главни причини: на бебињата може да им биде премногу жешко и може да се прегреат во текот на ноќта,
бебето може да ја извади рачката од креветчето и да дојде до радијаторот и притоа да се изгори, радијаторите често се наоѓаат под прозорците и може да се јават проблеми со слаба изолација или скриени електрични кабли. Затоа експертите предупредуваат, за да се избегнат несакани ситуации, родителите да го чуваат креветчето подалеку од радијаторот. Треба да се има предвид постои можност за изгореници што подоцна можат сериозно да го променат и животот на детето и животот на родителите. Имено, детската кожа е четири пати потенка од кожата на возрасен, па и најмал контакт со топли површини може да предизвика сериозна болка и лузни.

Последици од прегревање и затоплување
Неонатолозите нагласуваат дека е важно бебето да остане да спие на нормална собна температура, дури и ноќе, затоа што шансата за синдром од ненадејна смрт кај новороденче е многу поголема кај бебињата кои премногу се затоплуваат или кај децата кои се премногу облечени.

Опасност демне кога радијаторот е под прозорецот
Изборот на локација за поставување креветче покрај радијаторот е погрешен и затоа што повеќето од радијаторите се наоѓаат под прозорецот. Ова може да создаде проблеми ако, на пример, има слаба изолација околу прозорецот и ладниот воздух директно стигне до главата на детето. Исто така, покрај прозорците често се поставуваат скриени електрични кабли или ленти од ролетни и завеси, а сите овие предмети можат да бидат проблем за нешто постари деца кои можат да стојат во креветчето. Постои опасност да се дофати со некои од овие предмети, да се заплетка во него, па дури и да се задави.                                            Ал.Н.