Во условин на живеење на „далечинско“, страв од одење на доктор, дипломираната патронажна сестра Лидија Кочовска отворила онлајн школо за доење и позитивно родителство.
Таа за онлајн едукацијата вели: „Отворив онлајн школо за доење и позитивно родителство за да можеме да во време на корона ги следиме светските трендови и да професионално во областа на патронажата ги донесам искуствата дома во домот на младите и нови семејства.„
Кочовска објаснува дека во Велес има затворена група на мами и деца бидејки така покомотно се чуствуваат и на тој начин во локалната заедница можат меѓусебно да си помагаат и услужуваат.
„Тука сум и јас со моите професионални и стручни совети. Но, заради поголема достапност се одлучив на овој чекор за да може секоја мајка да добие стручна помош, а не да се потпира на слични искуства. Индивидуалниот онлајн контакт е нешто каде можат да се видат индивидуалните проблеми.“ – објаснува Кочовска
Дипломирана патронажна сестра Лидија Кочовска со својот тим професионално и посветено ве води низ новите фази од вашето мајчинство. Несебично ќе ви помогне, покаже и поттикне во:
– Воспоставување на доењето, со искусни совети и примери.
– Првите денови со новороденчето дома
– Стимулативни моторички Вежби за сензомоторна и психоемоционална стимулација на вашето бебе
– Родителско поврзување
– Говорен и емоционален развој од 0- 2 години
– Исхрана, превенции од алергии и храна за прстиња
-Практично ќе ви покаже како да вашето дете расте со Позитивно родителство!
Добредојдовте во еден нов свет, свет на неизмерна љубов, среќа, свет на насмевки и топли прегратки, свет на едно ново семејство и позитивно родителство!
Доколку сте заинетересирани сакате да се вклучите и научите, побарајте ги на нивната страна Бебе Бамби.