Хрватска е подготвена да прифати дел од децата кои живеат во бегалските кампови на грчките острови во нехумани услови, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

И отакако синоќа, хравсткиот портал Телеграм ја објави оваа вест, граѓаните на Хрватска покажаа колку се (не)тоелрантни кон мигрантите, а уште повеќе кон невините деца.  Сепак, во недостаток на информации за бројот на деца што Хрватска би била подготвена да ги прими, нападите врз одлуката на владата се безмилосни.

Следејќи ги вестите дека хрватската влада е подготвена да им помогне на децата-мигранти да престанат да бидат бездомници или да бидат раселени од нехуманите услови на грчките острови, многу граѓани почувствуваа потреба да ги искажат своите ставови. Извлековме неколку коментари, кои ви ги пренесуваме во оригинал и без превод. Невините бездомни деца го  разгореа говорот на омраза во Хрватска…

Н.Д.