„Вчера умре уште еден бездомник во Скопје. Никому ништо. Жал ми е за Глоговац. Нека почива во мир…Ама и за бездомникот, покажете израз на сочувство и за него…“ – фејсбук статус на Оливера Доцевска, правник и основач на здружението „Јустиција“. Овој статус е и воедно и апел до надлежните служби да покажат поголема будност и да почнат сериозно да се грижат за бездомниците во Македонија.
Статусот следуваше по веста која денес ја пренесе МИА: Маж на возраст од околу 50 години утрово е пронајден мртов на плочникот кај месарниците пред Зелено пазарче во Скопје. Случајот во полиција е пријавен утринава и најверојатно станува збор за бездомник кој секојдневно се движел во околина на пазарот. На местото на настанот увид изврши полицијата, а од страна на лекар е констатирана смрт.