Новиот пакет мерки за туристичките агенции, рестораните за свадби и игротеките ќе изнесува 7,5 милиони евра. Како што објасни министерот за  економија Крешник Бектеши овие пари ќе се доделат во рамките на четвртиот пакет економски мерки за справување со коронакризата.

Како што кажа Бектеши на денешната прес конференција грантови ќе се доделат на туристички агенции, ресторани за свадби и игротеки кои претрпеле загуби во работењето поради коронакризата. Висината на грантовите ќе зависи од остварениот приход во 2019 и бројот на вработени. Грантови ќе добијат и лиценцирани туристички водичи и тоа во висина од три просечни плати, односно 65.000 денари за секој туристички водич.

Како што кажа Бектеши, за помошта ќе може да се аплицира до 27 ноември преку платформата „Дома си е дома“, a парите ќе бидат исплатени до крајот на годинава.

А.Н.