Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ има нови цени на горивата. Така, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за половина денар, и еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 59.00, а ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава за 61.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста односно 50.50 денари за литар.

И цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менува, односно останува 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,754 ден/кг. А.Н.